Thursday, 10 October 2013


Марко молим те не им давај идеи, мајка ни расплакаа

1.На 4 различни локации во Скопје.  А) Се загрижил Грујо за народов и се прошетал низ Скопје да ги праша лугево како живеат. Прашал еден човек со наведната глава, му одговорил: тешко, крпиме, нема работа, НЕМА ПАРИ НИ ЗА ЛЕК. Прашал неколку души и го добил истиот одговор.  Б) Во штаб разговараат двајца стари партиски активисти, познати опиноци низ градов, општински претседател и потпретседател. Се расправаат на кого плакатите што ги лепеле повеке се гледале и кој метел поубаво семки после митинг. Во целиот тој жар, потпретседателов му вика: Не е колку си залепил, него каде си ги залепил плакатите, ти од ДРВАТА НЕ МОЖЕШ ДА ЈА ВИДИШ ШУМАТА!  В) Се доверува конзервативец, хомофоб, расист и контра-протестант на колегата дека тој не ѝ е прв на  жена му. Колегава му вика: Ич да не се секираш, НЕ Е ВАЖЕН ПРВИОТ, ТУКУ ПОСЛЕДНИОТ.  Г) Нервозно типче пун проблеми, не знае главата каде му е, плаќа пари за кавга, шета како бесно куче низ град и тргнал накај штабот да се расправа со овците, а може па и пастирот ке го најде. Во штабот се сретнуваат трите групи и си раскажуваат како ги решиле проблемите. Прв, Грујо вика: Му се јавив на Тодо'ов, дискутѝавме, 'аботевме 24/7, отвау'вавме и дојдовме до Соломонско 'ешение: Немале па'и за лек, па ја намаливме цената на лековите. Вториов опинок станува: Ја делимично го решив проблемот. Отидов во центар викнав 10 полицајци ги исеков сите дрва, ама пак шума не видов. Третиов станува: Ја сменив учебната програма по историја, не е важно кој прв пукал, од сега децата ке учат за последните пушки во Прилеп и Куманово. Не знаејки какви буквалисти се ајваниве, влага нервозново типче и им вика: Хоштаплери, ДА МИ СЕ ФАТИТЕ ЗА К...В!


2.Груевски денес гордо изјави дека ке има: Вработување на нови 300 административци- лица со хендикеп. Оваа влада навистина се грижи за хендикепираните лица. Во светот има една мисла: Државата се гледа по тоа како се грижи за немоќните, еве на пример ние сме единствена држава во свет со хендикепиран претседател. Со новиве вработувања изгледа го местат Хорхе за втор мандат!

3.Невработувањето паднало за прв пат под 30%. За да извадиш 30% од бројка е многу просто. Прашањето е следно: Која е таа бројка? Од колку луге они извадиле 30%. Од 2.1 милион, од 4 милиона, од 1.8 милион, од колку?

4.Абер немаат од пуштање парно а? Не е тоа проблем во патриотска држава, не грее љубовта кон татковината и сонцето од Вергина, него прочитав еден твит вика вака: Сметки има, парно нема!

5.Најголема вест во Македонија денес е: Во град Струга кој што е на територијата на Република Македонија на државен празник се вееле Македонски знамиња! Аман те бе, што зборите? Значи не се веат Свазилендски, Македонски се веат, а? Јас па се си мислев дека Струга е град во Македонија. Не, ова е огромна победа на владата, ајде само здравје и со Господ напред па и во Чаир да ставиме едно знаме, нека има!

No comments:

Post a Comment