Непопишаните
1.Само Македонија и Сомалија не можат да направат попис на населението во 2013 година. Тито беше многу паметен човек, кога го притискаа западот и истокот си направи нова Унија, Унија на Неврзаните. Муабетот е дека Груевски ке тргнел по Титовите стапки и ке направел Унија со Сомалија, Унија на Непопишаните. Унијата ке биде отворена за сите полу-држави, па ако пописот не се спроведе во Јужен Судан, Палестина, Косово, Курдистан и Вевчани, ке може да добијат статус "кандидат членки". Унијата ке работи 24/7, ке се разменуваат непопишувачки материјали, ке си кажуваме едни на други колку ни е убаво, ке се регистрираат две нови телевизии Сомалител и Сомал 5, ке се направи воена алијанса(АЛФИ) и доколку некоја од тие полу-држави сака да направи попис, ке биде нападната со претходно одобрување на Непопишаниот Совет за Безбедност каде што право на ВЕТО ке има само братучедот на Неговото Височество.
2.Кога сме веке кај Неговото Височество, прошлата недела им плачеше на ООН, сега му се жали на Заев. Сака Заев да му нареди на Кондарко да го прочистел избирачкиот список. Владата имала огромен проблем со избирачките списоци и затоа не можеле да ја спроведат програмата од Манифестот што го чекаме 8 години. Заев е крив!
3.Паско Кузман конечно кажа нешто за случајот Фаланга. Не сум крив, ако најдев нешто ке и го дадев на државата, жими мајка, еве прашајте ги колегиве што копаа гробови со мене. Иначе адвокатот Новковски супер го одбрани: Кузман не е обвинет за злосторничко здружување, како што се шпекулира, туку за злоупотреба на службената положба. Ееееее, па ние не знаевме дека е обвинет за тоа, тогаш одма да се ослободи и Груевски да му ја врати лопатата што му ја зема кога го апсеа. Тој па лопата да не види, одма фрла по 2-3!
4.Поповиве па се караат, Вартоломеј вика дека ние не сме верници, а нашиов му вика: Ако ние не сме верници и ти си неверник. Замислете две седумгодишни деца во школски двор. Едниот му вика ти си глуп, а другиов: Ако јас сум глуп и ти си глуп. Бог да чува и Господ да брани, Боже ме опрости!. Се збори дека нашите попови се длабоко навлезени во политика, еве предлог па со Господ напред може и ке се прифати: Да се вработат во парламент како пратеници! Ем ке се караат, ем умешани во политика, ем ке плакаат даноци! И попот со џип и верниците на број.
No comments:
Post a Comment