Предлог за име - "Република Криволак" без географска одредница
1. Косоварите се КРИВИ за пописот. Грците се КРИВИ за ЕУ и НАТО. Мрзливите факаат КРИВИни. Светската криза е КРИВА за инвестициите. Бранко е КРИВ за невработените. Србите се КРИВИ за црквата. Носот му е КРИВ на Киро. Бугарите се КРИВИ за историјата. СДСМ се КРИВИ за немање единство. Стапалата на Грујо се КРИВИ. Абортусот е КРИВ за морталитетот. Фрчко е КРИВ за името. Тито е КРИВ за Егејска Македонија. Комунистите се КРИВИ за образованието. Има книга "КРИВ Правец". Пипан е КРИВ за Европското. Албанците се КРИВИ за мегуетничките односи. Судиите ни се КРИВИ во фудбал. Индијците се КРИВИ зашто Субрата нема да инвестира. Дрвата се КРИВИ во центар. Паланка е КРИВА. И мене ми е криво кога слушам вакви глупости и ми исправаат криви Дрини, толку многу ми е криво, од нервоза, фацата ми се криви!
2. Срџан Керим доби ја доби наградата "близнаци - 11 Октомври". Наводно на млад брачен пар им се родиле машки близнаци, таткото Србин и мајката Албанка не знаеле како да ги крстат и на наградениов му текнало: ке ги крстите - Срџан и Керим. Тоа е неговото најголемо научно достигнување. Иначе од доверливи извори разбрав дека Керим имал и други таленти, тој можел да бутнел било каква хартија на многу мало место. Поради тоа што ние го знаеме метузалемов какво говедо е, наградата што ја земал не ни значи ништо, на нас граганите, за да го демонстрира талентот со хартијата и малото место, требало кога ја земал награта да си ја бутне во г'с!
3. Имаше еден филм со Мајкл Даглас се викаше Филинг Даун, Даглас си беше фин човек, си имаше работа, си беше расположен, но еден ден му се насобраа милион проблеми, се заглави во гужва со коли, полуде и почна да тепа и убива што му дојде под рака. Во петокот гледав Миленко Шоу, Зиков си беше фин, се смееше, нормален и некој спомна: Минчо - Олигарх, Зиков полуде, почна да вика, да покажува нервоза, чекав да извади пиштол и да ги испотепа! Толку од објективниот Зиков, само покажа дека е ист како другите политичари.
4. Повторно по 89-ти пат по ред наградата 'Златен Опинок ' за сељак на неделата оди во рацете на Саше Политико. На второто место - Драган Вучич. Саше ја доби наградата во сите 4 категории: 1.опинок со комплекси 2.опинок без култура 3.мигриран опинок и 4. опинок со портал. По доделувањето на Златниот Опинок, Саше полу-насмеано и опиночки изјави: Се надевам дека Џамбазов ке добие цироза.
5. Стратев по огромните успеси што ги имаше како тренер во Македонија Горче Петров(8-мо место во Македонска Лига), Шкендија(ги испадна) и ФЦУ(55-то место во Македонска лига - што го добија и името - Цементарница 55), беше најлогичното решение на ФФМ да го замени Јаневски. Вчера игравме со Србија, не го гледав натпреварот но на вестите на Сител изјавија: Македонија ја победи Србија 2-0, со головите на Пандев 39' и Нухиу 58', нашата репрезентација промаши и пенал во 47', а во текот на натпреварот за поубедливо водство имавме и 3 стативи и пречка. Србите играа многу слабо особено на средината на теренот. Не знам за вас, ама јас им верувам!
No comments:
Post a Comment