Зоки ми спаси живот, ама го утепа Киро Стечаец
1.(По Скопски) Нема дома леб да се јаде, дужам пари за сметки и по другари, неам партиска книшка да добијам на лото, си го местам јажето околу врат и на Телевизија искача Зоки Светец. Зоки почиња да ни кажуе колку многу ни е убаво у државаа и се оди ко што треба, сум џитнал и јаже и пиштол преку џам. Си збори така Ставревски 10-ина минути(а у позадина полициски сирени урлаат, не ги ни приметуем, магепсан сум) за тоа колку многу пари донел у државата, колку многу работат, дури и кондурите на опиноков со кал му се напраиле кога им помагал на земјоделцине. Завршуе министеров и ја жив срекен идам у кујна, отварање фрижидер-празен, идам у дневна-сметки на маса еден тон, се факам за фаца-розеви цвикери, ги вадам, согледуем реалнос, самоубиствен нагон ми се врака и ми текнуе на јажето и пиштолот како ги фрлам низ прозор. Трчам надвор, а надвор 1000 џандари и брза помош, си викам у себе: Аах, Конти Комуњарот го јадеше стапот, си праам одма филм у глава- Добре шпиунот го накодошил, ке го апсат(се утепа од бурек јадење за Грујо), прашуем еден од џандариве - Дечки што е работаа? и ми вика со Латино Македонски акцент: Киро, познаваш ли го Кирчота? Го знам. Утепа се, пробал да се обеси, скинало се јужето, па со пиштоло се средил.
2.Владата може да се пофали со еден супер податок. Тие дознаа зашто во Македонија има морталитет. Не е ни абортусот, не е ни иселувањето, него самоубиствата биле во подем.Одма е свикана седница на парламентот и изгласан е закон: Секој преживеан самоубица да плати казна од 300 евра. Хорхе го потпишал. Какво време дојде бољи мртов него жив!
3.На граница има компјутер каде што ги регистрираат Комуњарите кога искачаат. Работи на следниов начин. Комуњар го дава пасошот, компјутерот прака порака на телефон до Гоца Брк, Гоца Брк штампа кривична пријава и прака порака до 37 специјалци, тројца генерали, 6 волка, 12 тигри, една тенковска единица, сообракаец, 2 тајни агенти, Сител и Канал 5. На пораката пишува: Го апсиме предавникот во 5 сабајле на таа адреса. Сабајле во 5 одат таму сите како волови и за нивно чудо не го наогаат. Сител и Канал 5 објавуваат дека предавникот е во бегство, а Комуњарот си е на одмор и појма нема што се дешава. Јас да сум ке ги заебам: Ке поминам граница и ке се вратам дома. Па кога ке дојдат патриотите во ниедно време со новинарите на врата, новинарите ке треба да го мењаат текстот во 5 сабајле.
4.Хорхе е повторно на турнеа, од кога му намигнаа не престана да работи. Овој пат како и изминатите 74 од вкупно 76 патувања го посети неговото Валандово. Незнам што мајка бара таму секоја недела, изгледа лобира за промена на изговор на глаголи: апсам-апсум, не работам - не работум..... Жена му ни ја откри тајната како нашиот претседател ја излажал: Ромео и дал калинка со зборовите: 'Како што се сплотени зрната во калинката така да бидеме сплотени и ние цел живот'. Требаше да го пратиме во САД со две кила калинки, ке се вратеше со 8 жени како полу-брат му на намигнувачот. Ај жена му се излажала, ама нас како не излажа пред 4 години, уште не ми е јасно!
No comments:
Post a Comment