Monday, 7 October 2013


Културно Уметничко Реализирана Одлично Фиеста  (КУРОФ)

1.Прошлата Недела беше живи смешки, Индиски богаташ што не смее да се појави во неговата држава си пука петарди и огномети у сред центар. Во алкохолизирана состојба ни одржи говор по сексуално воспитување и која класа на напатениов народ треба најмногу да се пердаши, малце ни е секс од политичариве па сега и мегу себе да се опашуваме. Овој хоштаплер, преварант и пробисвет има еден месец да извади кеш и да инвестира во било што освен огномет и Тони Блер, во спротивно ке гледаме циркузи. Мал дел од мене сака тоа да не се случи, е тек тогаш нема да можам да му се изнагледам сеири на Ставревски што го шеташе Бандини низ Македонија два месеца додека се држеа за рака и тензично се гледаа во очи. Мое мислење е дека Субрата нема друго што да ни понуди освен КУРОФ што го видовме на плоштад.


2. Ке искачал нов весник во Македонија, наречен “Правда”. Весникот  највероватно го добил името по објективниот и правдољубив уредник Геровски. Доколку Миленко отвара весник, ке се викал “Љубезност и Финоќа”.

3.  Боцевски без да ги праша Миленко и Мирка отишол на гостување кај Борјан. Мирка напиша цела колумна за предавникот Боцевски, Миленко го малтретираше на фејзбук, а Ивица уште се чуди каде згрешил и зашто му се нафрлиле овие двајцата. Ситуацијава заличува како на Тетовирање кога Мето Јовановски не знаеше зашто е у затвор, барем Кежаровски знае.

4. Кили е пуштен да се брани од слобода.  Кога видел како е на слобода побарал да се врати во затвор, таму му било послобдно.

5. Грујо отиде во Обединети Нации, се испокара со пола свет. Кукаше како никој не е фер со нас и после три минути искажа огромна загриженост за ситуацаијта во Сирија и дека ги подржува САД во воена интервенција. Македонска работа - да му умре козата на комшијата, ако со нас не сте фер, со Сирија па да бидете дупло не фер. Во Обединетите Нации секој говор има огромна тежина, па така Русеф ке правела паралелен интернет  со сите држави без Америка, на тоа Канаганите аплаудирале.  На овој нов интернет кој ке бил Демократски, сите држави смеат да пишуваат освен Америка!

No comments:

Post a Comment