Saturday, 20 February 2016

Селска политика
Си било едно село со 100 селани. 100-те селани избрале лидер во селото, во селото живееле: пожарникар, 5 полицајци, доктор, судија, учител, 20 деца и 70 селани. Новиот лидер на селото ги убедувал селаните дека ќе им изгради автопат до главниот град каде што ќе можат да ги продаваат земјоделските производи и дека ќе направи добри односи со други 28 села за сите да бенефицираат од тој договор. Наместо тоа, Претседателот на селото имал друг план: Од кога бил избран ги сменил: 5-те полицајци, пожарникарот, судијата и учителот со други селани, а исто така изгласал некои чудни закони "на некои од селаните им дал земја што ја одземал од други селани"(за пат и 28 села ништо нема). Поминале 4 години и Претседателот се богател и бил се посреќен, дури си купил и нова кола. Претседателот и неговите 10-ина души, пљачкале, тепале, силувале но никој не смеел да каже ништо. Дошло време да се гласа и Претседателот победил на избори со 70 - 45 за уште 4 години. Некои од селаните се бунеле дека тоа не е можно со само 100 селани од кој 80 имаат право на глас и барале да се пребројат, но 25 луѓе не сакале да се пребројат и Претседателот пресреќен го одложил пребројувањето, но најгласните биле уапсени од 5-те полицајци, а осудени од судијата на 3 години. Се би било убаво, но Претседателот направил проблеми со околните 28 села и тие им кажале на селаните: "ние со вас не сакаме да имаме ништо се додека тој ви е Претседател, или сменете го нема да работиме со вас".Претседателот пред да дојде на власт во селото можеби и сакал селото да се развие, но немал капацитет како тоа да го спроведе. Претседателот водел лоша селска политика и изгубил на следните избори.
Дошол друг Претседател кој што 
им ветил пат до главниот град и билатерални односи со 28 други села села и истиот ден кога дошол на власт ги сменил: пожарникарот, 5-те полицајци, судијата и учителот........и така 100 години. 
После 100 години, на власт дошол многу совесен човек. Човек што навистина имал визија за селото во која насока ќе се движи. Прво што сакал да направи е да се пребројат селаните. После пребројувањето виделе дека се 8 селани и сите над 60 години. Совесниот лидер се самоубил, а 7-те селани умреле од жал.