Wednesday, 31 December 2014

Бели мечки и Македонци


Дарвинизам е теорија инспирирана од Чарлс Дарвин која што вели дека сите суштества или организми се створени преку природна селекција на мали наследени варијации (гени) што ја зголемуваат шансата да преживеат и да се репродуцираат. Во неговата книга 'Потекло на видовите', тој ја објаснува Еволуцијата на Поларните мечки. Пред околу 100 000 - 250 000 години, неколку кафеави мечки исти како Гризли биле изолирани од глечерите. Многу од нив исчезнале во лошите ледени услови за мечките, но не сите. Некои преживеале баш поради фактот дека организмите се менуваат, секое ново мало мече имало различна густина на крзното од другите, имало различна боја од другите мечиња што им дало огромна предност во однос на другите мечиња. Мечињата што се родиле со бело крзно, можеле многу полесно да ловат фоки, само поради фактот што биле камуфлирани во средината. Поради тоа што тие немале егзистенционален проблем лесно се репродуцирале и го продолжиле генот на потомците. За жал после неколку илјади години, кафеавите мечки во тие услови исчезнале.


Пред 700 години, Отоманската империја ја зазела територијата Македонија и Македонија била под нивна администрација 570 години. Сите Македонци што биле побунтовни и похрабри, главата им била отсечена, а со тоа и гените не можеле да се репродуцираат. Во тие мачни времиња за Македонија најсовршено суштество што може да се репродуцира и да преживее во тие услови бил човек кој е плашлив, кој исполнува се што ќе му се каже без прашање и човек кој би го накодошил и својот брат за да преживее. Тој ген од генерација на генерација се пренесувал, па дури и другите нации го приметиле тоа и ни дале прекар Македонче.

До сега го напишав ова за да ви ја отсликам реалноста, како една нација може да се видоизмени со лоша политика на владата или пак лоши услови каде што живеат.

Во последните 24 години во Македонија се креираше една многу лоша политика и многу лоши услови за креативни, млади, праведни, амбициозни луге да останат во државата или пак да се репродуцираат доколку останат, па нивниот ген да продолжи. Во Македонија просперираат медиокритети, партиски војничиња, партиски безкичмењаци, кој што се послушни на нивните штабови затоа што само така можат да најдат работа, да обезбедат егзистенција и да се размножуваат. Не сме ни свесни колку е тоа лошо за една држава и една нација. Дури и во образованието по предметот Општество е вметната дефиницијата: 

ЦИТАТ:"Лојалните граѓани се подготвени да ги следат правилата и процесите во општеството и по цена да мора да се откажат од своите слободи." 

Дефиниција која ги учи нашите деца да бидат некреативни послушници. Во минатото тоа се случило во Русија, во Бугарија, во Албанија... и скоро во сите земји каде што нема Демократија. Во последните 50 години 70% од иновациите во светот доаѓаат од САД, зарем тоа не е жалосно за Русите, за земјата на: Достоевски, Толстој, Менделеев, Ломоносов, Бехтерев, Крилов и многу други, каде исчезна нивниот ген само Сталин знае. За жал храбрите, креативни Македонци се исто така во фаза на исчезнување, треба под итно да се превземе нешто за да не станеме нација на дебили и безкичмењаци.