Wednesday, 31 December 2014

Бели мечки и Македонци


Дарвинизам е теорија инспирирана од Чарлс Дарвин која што вели дека сите суштества или организми се створени преку природна селекција на мали наследени варијации (гени) што ја зголемуваат шансата да преживеат и да се репродуцираат. Во неговата книга 'Потекло на видовите', тој ја објаснува Еволуцијата на Поларните мечки. Пред околу 100 000 - 250 000 години, неколку кафеави мечки исти како Гризли биле изолирани од глечерите. Многу од нив исчезнале во лошите ледени услови за мечките, но не сите. Некои преживеале баш поради фактот дека организмите се менуваат, секое ново мало мече имало различна густина на крзното од другите, имало различна боја од другите мечиња што им дало огромна предност во однос на другите мечиња. Мечињата што се родиле со бело крзно, можеле многу полесно да ловат фоки, само поради фактот што биле камуфлирани во средината. Поради тоа што тие немале егзистенционален проблем лесно се репродуцирале и го продолжиле генот на потомците. За жал после неколку илјади години, кафеавите мечки во тие услови исчезнале.


Пред 700 години, Отоманската империја ја зазела територијата Македонија и Македонија била под нивна администрација 570 години. Сите Македонци што биле побунтовни и похрабри, главата им била отсечена, а со тоа и гените не можеле да се репродуцираат. Во тие мачни времиња за Македонија најсовршено суштество што може да се репродуцира и да преживее во тие услови бил човек кој е плашлив, кој исполнува се што ќе му се каже без прашање и човек кој би го накодошил и својот брат за да преживее. Тој ген од генерација на генерација се пренесувал, па дури и другите нации го приметиле тоа и ни дале прекар Македонче.

До сега го напишав ова за да ви ја отсликам реалноста, како една нација може да се видоизмени со лоша политика на владата или пак лоши услови каде што живеат.

Во последните 24 години во Македонија се креираше една многу лоша политика и многу лоши услови за креативни, млади, праведни, амбициозни луге да останат во државата или пак да се репродуцираат доколку останат, па нивниот ген да продолжи. Во Македонија просперираат медиокритети, партиски војничиња, партиски безкичмењаци, кој што се послушни на нивните штабови затоа што само така можат да најдат работа, да обезбедат егзистенција и да се размножуваат. Не сме ни свесни колку е тоа лошо за една држава и една нација. Дури и во образованието по предметот Општество е вметната дефиницијата: 

ЦИТАТ:"Лојалните граѓани се подготвени да ги следат правилата и процесите во општеството и по цена да мора да се откажат од своите слободи." 

Дефиниција која ги учи нашите деца да бидат некреативни послушници. Во минатото тоа се случило во Русија, во Бугарија, во Албанија... и скоро во сите земји каде што нема Демократија. Во последните 50 години 70% од иновациите во светот доаѓаат од САД, зарем тоа не е жалосно за Русите, за земјата на: Достоевски, Толстој, Менделеев, Ломоносов, Бехтерев, Крилов и многу други, каде исчезна нивниот ген само Сталин знае. За жал храбрите, креативни Македонци се исто така во фаза на исчезнување, треба под итно да се превземе нешто за да не станеме нација на дебили и безкичмењаци. 

Monday, 10 November 2014

Демо-Христијански Комунизам

1. Ова не е диктатура или класичен Комунизам, ова е некоја нова форма на тоталитаризам што допрва ќе се испитува, студира и за 50-ина години изучува, многу е сличен на Фашизмот и во моментов не се случува само во Македонија туку и во: Унгарија, Русија и Турција. Има многу елементи од Комунизмот како веќе познатите Комунистички тактики:
а) Западот е трул а Кина и Русија царови,
б) Државни непријатели еден куп и внатрешни и надворешни(Албанци, Грци, Бугари, Срби)
в) Поделба на народот(соросоиди, предавници, хомосексуалци),
г) Партизација на цела администрација, од чистач до судија во Врховен суд.
д) Комплетно уништување на Демократијата
ѓ) Политички затвореници
но има и некој други елементи што ги немало во Комунизмот, на пр:
а) Многу голем национализам,
б) Хомофобија,
в) Болна Религиозност
Сите овие точки се својствени за Фашизам, но сепак не може да се окарактеризира како Фашизам поради тоа што нема концентрациони логори(барем до моментов кога го пишувам ова). Во оваа нова политичка идеологија интересно е што интелегенцијата(Универзитетски Професори, Доктори, Уметници...) е на некој начин поткупена и ја подржува власта, што не е својствено за диктаторски општества, вообичаено интелегенцијата е скоро секогаш против власта и делува како коректор на владините политики особено ако има слаба опозиција.Дали е Директор на Театар, дали добиле на тендер да прават споменик, владата си има методи како да задржат голем дел од интелегенцијата на нивна страна. Оваа нова политичка идеологија јас ја нареков: Демо-Христијански Комунизам.



2. Миленко и Латас се скарале и веќе нема да ги читаме глупостите на Миленко во Вечер туку ќе ги читаме во некој од 1984-те провладини портали. "Сигурно се скарале за пари" - констатираше еден мој другар. Не, не верувам, се скарале за државните интереси на Македонија, за евроинтеграциите, како и за демократскиот капацитет на владата - му велам.

3. Провладините симпатизери и новинари се многу загрижени дека Македонија мора да ја почитува одлуката на ЕУ и дека треба да се откажеме од Рускиот гас.Пази, ние да се откажеме од Рускиот гас, ние, нас не прашуваат па ние доброволно се откажуваме. Јас барав на официјалниот сајт на Газпром повеќе информации за "јужен тек" за жал Македонија никаде не се спомнува во контекст на "јужен тек" и никогаш не сме ни биле план од истиот. Луѓе вие разбирате дека такво нешто никогаш немало и највероватно нема ни да има. Кој ја измисли оваа работа со Македонија и јужен тек? Никогаш ние не сме биле од било каков план за јужен тек, ама никогаш! Што е следно ќе викаме дека ЕУ не исклучила од Американската вселенска програма?

4. Се средивме во државата и здравството, единствено нешто што немавме е фејсбук страница, е сега и тоа имаме ама на неа може да пишуваат само тие што имале продуктивен секс. Под продуктивен секс се подразбира доколку жената остане трудна, сите останати што редовно си добиваме секс од владата не е пожелно да пишуваме


Friday, 28 February 2014

Филип е Трпе!

1. (У спомен на баба ми Марика и татко ми Вили, првата точка е напишана со нивниот Скопски дијалект). Работам у канцеларија со двајца Грци и од време на време ке се замуабетиме за името, за Македонија, за Грција. Ја, се инатам ко мало дете: Антички сме мие и готоо, кој сака нека дое, Чак Норис, Сталоне...мие сме Антички Македонци! Не веруем у целата таа глупост, ама се инатам, ајде атер за Македонија. У тие дебати, некоаш  они ке тепаат, некогаш ја, не е ни  важно, секој ден различно. Викендов, глеам на ју тјуб Миленко шоу и Миленко вика: "У Грција немаат име Филип, зашо Филип утепал многу Грци и на гробиштата каде шо ги закопале(спомна некое место) напраил споменик на лав као седи врз гробиштата." Едвај чекав да дое понеделник, да се зајадам со колегиве ни криви ни дужни. У понеделник, идам на работа, избричен, палтолани, машносан, готов, ке се карам. Поминува 10:00 , 11, 12, никако да се спомне нешо за политика. Чекам, чееееекам, не се дочекуе. -И на крај ко од пушка: Дечки, Венизелос е у Скопје. (Штама од 2 секунди - стануем). Вие имате име Филип, пошо Филип на Александар татко му....утепал....Грци......лав......гробишта...(зборам со 200 на саат). -Колегава: Што збориш бе ти!? Ја лично знам двајца Филип. Името Филип е старо име, ко: Аристотел, Архимед, Платон, Питагора и ретко кој ги крсти децата така, ама, туку ке налеташ на некој Филип. Нишо не кажав, си закутев ко посран и си викам у себе: Значи Филп е уствари Ставре, Трпе или Крсто. Тибам тоа Миленкото, да тибам.


2. Јас ова не можам да го разберам кај Македонските новинари. Искача Груевски во Декември 2008 и вика: Кинеска фирма "Чин-Ченг" во Март 2009 ке вработи 237 луге, а веке во Мај се предвидени нови 2300 работни места. Доаѓа Јануари 2009, Груевски пак ке искочи на ТВ и ке каже, Џонсон Контрол веке вработи 7 луге, но во Јули 2009 се предвидени нови 1870 работни места, претежно во Пелагонија. Време си тече, доага, Маy, Јуни, Јули, 2009, 2010, 2013 .... никој од новинарите не се сети да провери - Кинезите вработија ли 2300 души, Џонсон вработи ли 1870, Субрата инвестираше ли 200 милиона евра, никој не проверува тоа. Јас се кладам дека во следниве 3 месеци Груевски ке искочи намалце два пати на ТВ со 2 нови фирми што ке инвестираат во Македонија и дека за тие нови фирми се предвидени отварања на 1984 работни места, е сега не знам дали ке бидат во Полошкиот, Осоговскиот или Скопскиот регион, ама работни места сигурно ке се отвараат. 

3. Тројца хоштаплери од највисок ранк во Македонија, се собрале, му се јавиле на Зиков и направиле партија. 
         -Хоштаплер 1: Минчо, што ги доби сите можни тендери во Македонија, што се фали дека го изградил Градски Стадион со наши пари, што не отру со Железара и што Зиков тврди за него дека не е Олигарх. 
         -Хоштаплер 2. Бучко, го држат за муда за тенковските делови што ги купи по авионски цени, човекот што беше премиер ке се врака на политичка сцена, изгледа овој пат ке купува сапуни што не се лизгаат, за кога ке оди во затвор поубаво да си помине. 
         -Хоштаплер 3. Стевче - Овој па, овој па,овој па. Како младинец и член на КПЈ преминува во Демократска Партија, покасно Либерал Демократска Партија ги преставуваше СДСМ во Карпош, за да премине во редовите на Српска Радикална Странка и сега да биде трет човек во ГРОМ - епа уште во ДУИ не бил. 

4. Кога ке ги видам на ТВ: Миленко, Латас, Геровски, Милчин, Јанко Глупиот....ми се гади. 8 години се препукуваат, кодошат, оговараат: Провладиниве новинари вака, Соросоидите така. Една сторија не напишаа интересна да ја прочиташ, за Украина, за Арапската пролет, за Свазиленд нека биде - било што. Они се опседнати едни со други и по цели денови мислат како да си наштетат мегу себе. Е, тие говеда го разделија народот, не Грујо и Бранко, него говедата! Го гледам Ефтов "Во Центар" ке отиде во друга држава, ке направи репортажа, ке каже 1 милион историски, политички, географски факти за таа држава, ке направи 2-3 супер интервјуа со добри соговорници и емисијата е завршена - е тоа е новинар, не ова ајваниве - гадови.