Закон за забрана на производтсво и расфрлање џамлии во употреба
1. Од сите можни полу-држави ние сме царови за гласање кретенски закони. 120-те души што ги плакаме во Парламент и тројцата гревови од странство, после законот за "не-абортус" и законот за "малолетник не смее да шета куче", кретените изгласаа нов закон: "Џамлии се забранети во Р. Македонија". Јас вака гледам на овие закони. Законот за "не-абортус" мораше да се изгласа, пошто владиката "не-Пимен" така им кажа. Законот за "Малолетниците и кучињата" е малце контраверзен, значи малолетник не смее да шета куче, но никаде не стои во законикот дека малолетник не смее да шета лав, тигар, мечка или жирафа, тука мислам дека треба да има уште една дебата каде што ние ке им плакаме дневници, а пратениците треба да го прошират со анекси тој закон. Џамлиите за прв пат се направени во Германија во 1846 година од Германски стаклар, во тоа време не можел ни да претпостави какво оружје за масовно истребување направил. Во Англија има Светско Првенство во џамлии и се одржува секоја година од 1932 па навака. Нашите пратеници го сметаат нешто како стрелаштво, значи само обучени спортисити смеат да ракуваат со оружје или џамлии, поради нивната опасност. Играњето џамлии исто така е прогласено за злосторничко здружување. УЧК веке набавиле 300 џамлии во случај на нов воен конфликт. Едноставно законот им забранува на децата да си играат со џамлии, пошто тепање по автобуси било поинтересно, а и модерно е. Јас дури и познавам еден човек од подземјето кој го изјави следново: "Со дроги, оружје и проституција, нема пари, ние како криминалци треба да еволуираме со трендот, нарачав околу 10000 џамлии што треба да стигнат во Фебруари и на црниот маркет некако да ги продадам. Само опасно е, ако те фатат за кокаин или хероин ке се спасиш, ама адвокативе викаат со џамлии те фатија ли - окапа во затвор." Не ретко низ историјата се случувало и да има сериски убица што кога ке ги фати своите жртви ги измачува со неговата омилена џамлија - коњакот. Наслушнав дека парламентот ке гласал нов закон 'Закон за забрана на пишување" - пошто пола се неписмени мајку им е... Сега тука има некој дилеми : Дали законот ке важи после потпишувањето од Хорхе или после гласањето и дали законот за непишување ке биде потпишан од Хорхе во пакет со законот за џамлиите?
2. Вангел Божиновски кај Миленко изјави: Зашто да не дигнеме споменик од 30 метра, зашто ние како Македонци мора да правиме мали споменици! Не бе Вангел, дигни ти споменик ако сакаш и од 107 м, ама ти да го платиш - важи! Не граганите на Македонија, него ти да извадиш 600 милиона Евра, па прави си споменик ако сакаш колку Македонска Телевизија!
3. Највероватно сум посетил 30-ина града низ Европа - Рингишпил на плоштад сеуште не сум видел, друго што не сум видел е циркус. Во Скопје ги имаш двете и Рингишпил и циркузи на плоштад уште кловн со лопата фали. Кај најде неделава да умре Мандела, овие недугавниве споменик ке му направат. Муабетот е дека споменикот ке бил лево од рингишпилот на Балашевич. Иначе во цела држава само јас и татко ми немаме споменик, од толку ли лоша фамилија сум?
4. Иванов и Грујо ја посетија Србија и после им се љутиме на Србите дека не викаат "Срби со говорната маната."
5. Миленко ме блокираше кај него на фејсбук, наводно не сум ширел омраза и расна нетрпеливост, еве јавно, јас уште еднаш се извинувам што сакам мир и соживот со Албанците во Македонија, што не ги нарекувам "племето" и што на хомосексуалците не им се обракам како "педери" или "двоцевки". Исто така се извинувам што ниту еднаш не сум напишал: 'За Шиптари - гасна комора' и 'Името не го даваме, Македонија Вечна'.
6. Го слушав Сашо Гигов - Гиш на Телевизија за споменикот на Тодор Алексанров, го изјави следново: Со дегутантна метафорична анализа на Фројдовскиот комплекс од еснафскиот креативнен нагон за Хомеровата Илијада, сето тоа и Достоевски експлицитно го потврдил .............(7 минути неврзани зборови од Вујаклија), а поентата му беше- Аз сам Булгарин.

No comments:
Post a Comment