Monday, 21 October 2013


Кермит веке не копа, сече!

1. Извадок од "Мемоарите на еден премиер"- Му се моташе во главата: ножици или лопата, ако ја земам лопатата, повторно ке ме викаат лопатар, ама ако почнам да сечам со ножиците ке упатам јасна порака до предавниците - вака ке сечам глави. Да, ке се облечам како Кермит што станал Јеховин Сведок, ке земам ножици и ке сечам ленти. Никој нема да има храброст да ми се потсмева, сите се плашат од братучед ми и од влакнестиот министер за внатрешни. Така и ја одбрав, постарите викаат да се плашиш од луге со "вуна во носот", беше правилен избор, во лоша недела 6 души апси, народот е преплашен, го држи под контрола барем во таа половина од државата каде што ја контролираме! Кумот треба да го менувам, денар не донесе, само се шета како пензионер во вторник. Него да земам да сечам ова лентава додека не ми донеле лопата.

2. Извадок од "Мемоарите на едно Македонче" - Си мислеше: Ке искачале утре на протест, големата работа ке ја свршат. Осудиле новинар, божем прв е или последен! Да, прв е, ама оваа недела, а вторник сме! Море ке си седам дома, наведната глава сабја не ја сече, еве пред 7 месеца ми ветија работа, не е кој знае каква ама па ке покривам некои трошоци, а и лесна е работата, чистење паркови и улици, и така ги мерам улиците по цел ден. А овие нека протестираат кога се будали, 200 души нема да се соберат, ке идам јас таму како ненормален па да ме снимаат, па да ме зборат, па да го избркаат брат ми од полиција, уште тоа му фали. Ке ми кажуваат они на мене, немало демократија! Седи си дома, ќути си, никој нема да те закача, што не ме закачаат мене! Може да одам само да видам колку души ке се соберат, ама не не, мајка ми ја барам таму, ке си ставам јас трн во здрава нога, што!? Брат да не ми е новинарот или па некој познат, изгледа си го барал, а плус тоа утре може и ке врне. Дома си е дома, ке си го викнам комшијата, ке си гледаме фудбал, овие другиве што сакат нека прават, јас па ке свршам работа!? Ај ке видам, ако се соберат повеке може и ке отидам....... На крај не отишол.

3. На Богородица фатени се 24 емигранти од Сенегал, Бургина Фасо, Сирија, Афганистан, Бангладеш, Нигерија, Пакистан и Гана. При обид да избегаат од Македонија и да ја поминат границата, граничните инспектори ги фатиле и ги вратиле во Прифатниот центар за странци во Скопје. Еден од 24-цата престапници изјави: Не се издржуваше во државава и сакавме да си ја пробаме среката во Етиопија затоа што ни беше ветено 112 евра месечна плата, но кога пробавме да избегаме граничарите не фатија. Ова нема да биде последен обид и се надеваме дека во следните неколку месеца ке имаме повеке среќа.

4. Груевски денеска собра 3000 аплаудирачки лижиг'зови да им предава за морал, другите 145000 што работат во администрација не можеа да дојдат. Покрај Груевски свои ставови за етиката изнесоа и најморалните луге во Македонија: Срѓан Керим, Владо Бучковски и Љубисав Иванов Sинго.Секој од нив говереше за својата сфера. Груевски зборуваше дека вистинските политичари не се грижат за рејтингот туку работат за доброто на државата. Керим зборуваше дека парите воопштo не се важни, него угледот во општеството. Владо Бучковски кажа дека потребно е да се има храброст во секоја ситуација и никој не смее да те исплаши со затвор,  додека Sинго како докажан Социјалист зборуваше против феудалното општество. 

Wednesday, 16 October 2013


Предлог за име - "Република Криволак" без географска одредница

1. Косоварите се КРИВИ за пописот. Грците се КРИВИ за ЕУ и НАТО. Мрзливите факаат КРИВИни. Светската криза е КРИВА за инвестициите. Бранко е КРИВ за невработените. Србите се КРИВИ за црквата. Носот му е КРИВ на Киро. Бугарите се КРИВИ за историјата. СДСМ се КРИВИ за немање единство. Стапалата на Грујо се КРИВИ. Абортусот е КРИВ за морталитетот. Фрчко е КРИВ за името. Тито е КРИВ за Егејска Македонија. Комунистите се КРИВИ за образованието. Има книга "КРИВ Правец". Пипан е КРИВ за Европското. Албанците се КРИВИ за мегуетничките односи. Судиите ни се КРИВИ во фудбал. Индијците се КРИВИ зашто Субрата нема да инвестира. Дрвата се КРИВИ во центар. Паланка е КРИВА. И мене ми е криво кога слушам вакви глупости и ми исправаат криви Дрини, толку многу ми е криво, од нервоза, фацата ми се криви!


2. Срџан Керим доби ја доби наградата "близнаци - 11 Октомври". Наводно на млад брачен пар им се родиле машки близнаци, таткото Србин и мајката Албанка не знаеле како да ги крстат и на наградениов му текнало: ке ги крстите - Срџан и Керим. Тоа е неговото најголемо научно достигнување. Иначе од доверливи извори разбрав дека Керим имал и други таленти, тој можел да бутнел било каква хартија на многу мало место. Поради тоа што ние го знаеме метузалемов какво говедо е, наградата што ја земал не ни значи ништо, на нас граганите, за да го демонстрира талентот со хартијата и малото место, требало кога ја земал награта да си ја бутне во г'с!

3. Имаше еден филм со Мајкл Даглас се викаше Филинг Даун, Даглас си беше фин човек, си имаше работа, си беше расположен, но еден ден му се насобраа милион проблеми, се заглави во гужва со коли, полуде и почна да тепа и убива што му дојде под рака. Во петокот гледав Миленко Шоу, Зиков си беше фин, се смееше, нормален и некој спомна: Минчо - Олигарх, Зиков полуде, почна да вика, да покажува нервоза, чекав да извади пиштол и да ги испотепа! Толку од објективниот Зиков, само покажа дека е ист како другите политичари.

4. Повторно по 89-ти пат по ред наградата 'Златен Опинок ' за сељак на неделата оди во рацете на Саше Политико. На второто место - Драган Вучич. Саше ја доби наградата во сите 4 категории: 1.опинок со комплекси 2.опинок без култура 3.мигриран опинок и 4. опинок со портал.  По доделувањето на Златниот Опинок, Саше полу-насмеано и опиночки изјави: Се надевам дека Џамбазов ке добие цироза.

5. Стратев по огромните успеси што ги имаше како тренер во Македонија Горче Петров(8-мо место во Македонска Лига), Шкендија(ги испадна) и ФЦУ(55-то место во Македонска лига - што го добија и името - Цементарница 55), беше најлогичното решение на ФФМ да го замени Јаневски. Вчера игравме со Србија, не го гледав натпреварот но на вестите на Сител изјавија: Македонија ја победи Србија 2-0, со головите на Пандев 39' и Нухиу 58', нашата репрезентација промаши и пенал во 47', а во текот на натпреварот за поубедливо водство имавме и 3 стативи и пречка. Србите играа многу слабо особено на средината на теренот. Не знам за вас, ама јас им верувам! 

Thursday, 10 October 2013


Марко молим те не им давај идеи, мајка ни расплакаа

1.На 4 различни локации во Скопје.  А) Се загрижил Грујо за народов и се прошетал низ Скопје да ги праша лугево како живеат. Прашал еден човек со наведната глава, му одговорил: тешко, крпиме, нема работа, НЕМА ПАРИ НИ ЗА ЛЕК. Прашал неколку души и го добил истиот одговор.  Б) Во штаб разговараат двајца стари партиски активисти, познати опиноци низ градов, општински претседател и потпретседател. Се расправаат на кого плакатите што ги лепеле повеке се гледале и кој метел поубаво семки после митинг. Во целиот тој жар, потпретседателов му вика: Не е колку си залепил, него каде си ги залепил плакатите, ти од ДРВАТА НЕ МОЖЕШ ДА ЈА ВИДИШ ШУМАТА!  В) Се доверува конзервативец, хомофоб, расист и контра-протестант на колегата дека тој не ѝ е прв на  жена му. Колегава му вика: Ич да не се секираш, НЕ Е ВАЖЕН ПРВИОТ, ТУКУ ПОСЛЕДНИОТ.  Г) Нервозно типче пун проблеми, не знае главата каде му е, плаќа пари за кавга, шета како бесно куче низ град и тргнал накај штабот да се расправа со овците, а може па и пастирот ке го најде. Во штабот се сретнуваат трите групи и си раскажуваат како ги решиле проблемите. Прв, Грујо вика: Му се јавив на Тодо'ов, дискутѝавме, 'аботевме 24/7, отвау'вавме и дојдовме до Соломонско 'ешение: Немале па'и за лек, па ја намаливме цената на лековите. Вториов опинок станува: Ја делимично го решив проблемот. Отидов во центар викнав 10 полицајци ги исеков сите дрва, ама пак шума не видов. Третиов станува: Ја сменив учебната програма по историја, не е важно кој прв пукал, од сега децата ке учат за последните пушки во Прилеп и Куманово. Не знаејки какви буквалисти се ајваниве, влага нервозново типче и им вика: Хоштаплери, ДА МИ СЕ ФАТИТЕ ЗА К...В!


2.Груевски денес гордо изјави дека ке има: Вработување на нови 300 административци- лица со хендикеп. Оваа влада навистина се грижи за хендикепираните лица. Во светот има една мисла: Државата се гледа по тоа како се грижи за немоќните, еве на пример ние сме единствена држава во свет со хендикепиран претседател. Со новиве вработувања изгледа го местат Хорхе за втор мандат!

3.Невработувањето паднало за прв пат под 30%. За да извадиш 30% од бројка е многу просто. Прашањето е следно: Која е таа бројка? Од колку луге они извадиле 30%. Од 2.1 милион, од 4 милиона, од 1.8 милион, од колку?

4.Абер немаат од пуштање парно а? Не е тоа проблем во патриотска држава, не грее љубовта кон татковината и сонцето од Вергина, него прочитав еден твит вика вака: Сметки има, парно нема!

5.Најголема вест во Македонија денес е: Во град Струга кој што е на територијата на Република Македонија на државен празник се вееле Македонски знамиња! Аман те бе, што зборите? Значи не се веат Свазилендски, Македонски се веат, а? Јас па се си мислев дека Струга е град во Македонија. Не, ова е огромна победа на владата, ајде само здравје и со Господ напред па и во Чаир да ставиме едно знаме, нека има!

Wednesday, 9 October 2013


Зоки ми спаси живот, ама го утепа Киро Стечаец

1.(По Скопски) Нема дома леб да се јаде, дужам пари за сметки и по другари, неам партиска книшка да добијам на лото, си го местам јажето околу врат и на Телевизија искача Зоки Светец. Зоки почиња да ни кажуе колку многу ни е убаво у државаа и се оди ко што треба, сум џитнал и јаже и пиштол преку џам. Си збори така Ставревски 10-ина минути(а у позадина полициски сирени урлаат, не ги ни приметуем, магепсан сум) за тоа колку многу пари донел у државата, колку многу работат, дури и кондурите на опиноков со кал му се напраиле кога им помагал на земјоделцине. Завршуе министеров и ја жив срекен идам у кујна, отварање фрижидер-празен, идам у дневна-сметки на маса еден тон, се факам за фаца-розеви цвикери, ги вадам, согледуем реалнос, самоубиствен нагон ми се врака и ми текнуе на јажето и пиштолот како ги фрлам низ прозор. Трчам надвор, а надвор 1000 џандари и брза помош, си викам у себе: Аах, Конти Комуњарот го јадеше стапот, си праам одма филм у глава- Добре шпиунот го накодошил, ке го апсат(се утепа од бурек јадење за Грујо), прашуем еден од  џандариве - Дечки што е работаа? и ми вика со Латино Македонски акцент: Киро, познаваш ли го Кирчота? Го знам. Утепа се, пробал да се обеси, скинало се јужето,  па со пиштоло се средил.

2.Владата може да се пофали со еден супер податок. Тие дознаа зашто во Македонија има морталитет. Не е ни абортусот, не е ни иселувањето, него самоубиствата биле во подем.Одма е свикана седница на парламентот и изгласан е закон: Секој преживеан самоубица да плати казна од 300 евра. Хорхе го потпишал. Какво време дојде бољи мртов него жив!

3.На граница има компјутер каде што ги регистрираат Комуњарите кога искачаат. Работи на следниов начин. Комуњар го дава пасошот, компјутерот прака порака на телефон до Гоца Брк, Гоца Брк штампа кривична пријава и прака порака до 37 специјалци, тројца генерали, 6 волка, 12 тигри, една тенковска единица, сообракаец, 2 тајни агенти, Сител и Канал 5. На пораката пишува: Го апсиме предавникот во 5 сабајле на таа адреса. Сабајле во 5 одат таму сите како волови и за нивно чудо не го наогаат. Сител и Канал 5 објавуваат дека предавникот е во бегство, а Комуњарот си е на одмор и појма нема што се дешава. Јас да сум ке ги заебам: Ке поминам граница и ке се вратам дома. Па кога ке дојдат патриотите во ниедно време со новинарите на врата, новинарите ке треба да го мењаат текстот во 5 сабајле.

4.Хорхе е повторно на турнеа, од кога му намигнаа не престана да работи. Овој пат како и изминатите 74 од вкупно 76 патувања го посети неговото Валандово. Незнам што мајка бара таму секоја недела, изгледа лобира за промена на изговор на глаголи: апсам-апсум, не работам - не работум..... Жена му ни ја откри тајната како нашиот претседател ја излажал: Ромео и дал калинка со зборовите: 'Како што се сплотени зрната во ка­лин­ка­та така да бидеме сплотени и ние цел живот'. Требаше да го пратиме во САД со две кила калинки, ке се вратеше со 8 жени како полу-брат му на намигнувачот. Ај жена му се излажала, ама нас како не излажа пред 4 години, уште не ми е јасно! 

Tuesday, 8 October 2013


Непопишаните

1.Само Македонија и Сомалија не можат да направат попис на населението во 2013 година. Тито беше многу паметен човек, кога го притискаа западот и истокот си направи нова Унија, Унија на Неврзаните. Муабетот е дека Груевски ке тргнел по Титовите стапки и ке направел Унија со Сомалија, Унија на Непопишаните. Унијата ке биде отворена за сите полу-држави, па ако пописот не се спроведе во Јужен Судан, Палестина, Косово, Курдистан и Вевчани, ке може да добијат статус "кандидат членки". Унијата ке работи 24/7, ке се разменуваат непопишувачки материјали, ке си кажуваме едни на други колку ни е убаво, ке се регистрираат две нови телевизии Сомалител и Сомал 5, ке се направи воена алијанса(АЛФИ) и доколку некоја од тие полу-држави сака да направи попис, ке биде нападната со претходно одобрување на Непопишаниот Совет за Безбедност каде што право на ВЕТО ке има само братучедот на Неговото Височество.

2.Кога сме веке кај Неговото Височество, прошлата недела им плачеше на ООН, сега му се жали на Заев. Сака Заев да му нареди на Кондарко да го прочистел избирачкиот список. Владата имала огромен проблем со избирачките списоци и затоа не можеле да ја спроведат програмата од Манифестот што го чекаме 8 години. Заев е крив!

3.Паско Кузман конечно кажа нешто за случајот Фаланга. Не сум крив, ако најдев нешто ке и го дадев на државата, жими мајка, еве прашајте ги колегиве што копаа гробови со мене. Иначе адвокатот Новковски супер го одбрани: Кузман не е обвинет за злосторничко здружување, како што се шпекулира, туку за злоупотреба на службената положба. Ееееее, па ние не знаевме дека е обвинет за тоа, тогаш одма да се ослободи и Груевски да му ја врати лопатата што му ја зема кога го апсеа. Тој па лопата да не види, одма фрла по 2-3!

4.Поповиве па се караат, Вартоломеј вика дека ние не сме верници, а нашиов му вика: Ако ние не сме верници и ти си неверник. Замислете две седумгодишни деца во школски двор. Едниот му вика ти си глуп, а другиов: Ако јас сум глуп и ти си глуп. Бог да чува и Господ да брани, Боже ме опрости!. Се збори дека нашите попови се длабоко навлезени во политика, еве предлог па со Господ напред може и ке се прифати: Да се вработат во парламент како пратеници! Ем ке се караат, ем умешани во политика, ем ке плакаат даноци! И попот со џип и верниците на број.


Monday, 7 October 2013


Културно Уметничко Реализирана Одлично Фиеста  (КУРОФ)

1.Прошлата Недела беше живи смешки, Индиски богаташ што не смее да се појави во неговата држава си пука петарди и огномети у сред центар. Во алкохолизирана состојба ни одржи говор по сексуално воспитување и која класа на напатениов народ треба најмногу да се пердаши, малце ни е секс од политичариве па сега и мегу себе да се опашуваме. Овој хоштаплер, преварант и пробисвет има еден месец да извади кеш и да инвестира во било што освен огномет и Тони Блер, во спротивно ке гледаме циркузи. Мал дел од мене сака тоа да не се случи, е тек тогаш нема да можам да му се изнагледам сеири на Ставревски што го шеташе Бандини низ Македонија два месеца додека се држеа за рака и тензично се гледаа во очи. Мое мислење е дека Субрата нема друго што да ни понуди освен КУРОФ што го видовме на плоштад.


2. Ке искачал нов весник во Македонија, наречен “Правда”. Весникот  највероватно го добил името по објективниот и правдољубив уредник Геровски. Доколку Миленко отвара весник, ке се викал “Љубезност и Финоќа”.

3.  Боцевски без да ги праша Миленко и Мирка отишол на гостување кај Борјан. Мирка напиша цела колумна за предавникот Боцевски, Миленко го малтретираше на фејзбук, а Ивица уште се чуди каде згрешил и зашто му се нафрлиле овие двајцата. Ситуацијава заличува како на Тетовирање кога Мето Јовановски не знаеше зашто е у затвор, барем Кежаровски знае.

4. Кили е пуштен да се брани од слобода.  Кога видел како е на слобода побарал да се врати во затвор, таму му било послобдно.

5. Грујо отиде во Обединети Нации, се испокара со пола свет. Кукаше како никој не е фер со нас и после три минути искажа огромна загриженост за ситуацаијта во Сирија и дека ги подржува САД во воена интервенција. Македонска работа - да му умре козата на комшијата, ако со нас не сте фер, со Сирија па да бидете дупло не фер. Во Обединетите Нации секој говор има огромна тежина, па така Русеф ке правела паралелен интернет  со сите држави без Америка, на тоа Канаганите аплаудирале.  На овој нов интернет кој ке бил Демократски, сите држави смеат да пишуваат освен Америка!