Saturday, 20 February 2016

Селска политика
Си било едно село со 100 селани. 100-те селани избрале лидер во селото, во селото живееле: пожарникар, 5 полицајци, доктор, судија, учител, 20 деца и 70 селани. Новиот лидер на селото ги убедувал селаните дека ќе им изгради автопат до главниот град каде што ќе можат да ги продаваат земјоделските производи и дека ќе направи добри односи со други 28 села за сите да бенефицираат од тој договор. Наместо тоа, Претседателот на селото имал друг план: Од кога бил избран ги сменил: 5-те полицајци, пожарникарот, судијата и учителот со други селани, а исто така изгласал некои чудни закони "на некои од селаните им дал земја што ја одземал од други селани"(за пат и 28 села ништо нема). Поминале 4 години и Претседателот се богател и бил се посреќен, дури си купил и нова кола. Претседателот и неговите 10-ина души, пљачкале, тепале, силувале но никој не смеел да каже ништо. Дошло време да се гласа и Претседателот победил на избори со 70 - 45 за уште 4 години. Некои од селаните се бунеле дека тоа не е можно со само 100 селани од кој 80 имаат право на глас и барале да се пребројат, но 25 луѓе не сакале да се пребројат и Претседателот пресреќен го одложил пребројувањето, но најгласните биле уапсени од 5-те полицајци, а осудени од судијата на 3 години. Се би било убаво, но Претседателот направил проблеми со околните 28 села и тие им кажале на селаните: "ние со вас не сакаме да имаме ништо се додека тој ви е Претседател, или сменете го нема да работиме со вас".Претседателот пред да дојде на власт во селото можеби и сакал селото да се развие, но немал капацитет како тоа да го спроведе. Претседателот водел лоша селска политика и изгубил на следните избори.
Дошол друг Претседател кој што 
им ветил пат до главниот град и билатерални односи со 28 други села села и истиот ден кога дошол на власт ги сменил: пожарникарот, 5-те полицајци, судијата и учителот........и така 100 години. 
После 100 години, на власт дошол многу совесен човек. Човек што навистина имал визија за селото во која насока ќе се движи. Прво што сакал да направи е да се пребројат селаните. После пребројувањето виделе дека се 8 селани и сите над 60 години. Совесниот лидер се самоубил, а 7-те селани умреле од жал.

Wednesday, 31 December 2014

Бели мечки и Македонци


Дарвинизам е теорија инспирирана од Чарлс Дарвин која што вели дека сите суштества или организми се створени преку природна селекција на мали наследени варијации (гени) што ја зголемуваат шансата да преживеат и да се репродуцираат. Во неговата книга 'Потекло на видовите', тој ја објаснува Еволуцијата на Поларните мечки. Пред околу 100 000 - 250 000 години, неколку кафеави мечки исти како Гризли биле изолирани од глечерите. Многу од нив исчезнале во лошите ледени услови за мечките, но не сите. Некои преживеале баш поради фактот дека организмите се менуваат, секое ново мало мече имало различна густина на крзното од другите, имало различна боја од другите мечиња што им дало огромна предност во однос на другите мечиња. Мечињата што се родиле со бело крзно, можеле многу полесно да ловат фоки, само поради фактот што биле камуфлирани во средината. Поради тоа што тие немале егзистенционален проблем лесно се репродуцирале и го продолжиле генот на потомците. За жал после неколку илјади години, кафеавите мечки во тие услови исчезнале.


Пред 700 години, Отоманската империја ја зазела територијата Македонија и Македонија била под нивна администрација 570 години. Сите Македонци што биле побунтовни и похрабри, главата им била отсечена, а со тоа и гените не можеле да се репродуцираат. Во тие мачни времиња за Македонија најсовршено суштество што може да се репродуцира и да преживее во тие услови бил човек кој е плашлив, кој исполнува се што ќе му се каже без прашање и човек кој би го накодошил и својот брат за да преживее. Тој ген од генерација на генерација се пренесувал, па дури и другите нации го приметиле тоа и ни дале прекар Македонче.

До сега го напишав ова за да ви ја отсликам реалноста, како една нација може да се видоизмени со лоша политика на владата или пак лоши услови каде што живеат.

Во последните 24 години во Македонија се креираше една многу лоша политика и многу лоши услови за креативни, млади, праведни, амбициозни луге да останат во државата или пак да се репродуцираат доколку останат, па нивниот ген да продолжи. Во Македонија просперираат медиокритети, партиски војничиња, партиски безкичмењаци, кој што се послушни на нивните штабови затоа што само така можат да најдат работа, да обезбедат егзистенција и да се размножуваат. Не сме ни свесни колку е тоа лошо за една држава и една нација. Дури и во образованието по предметот Општество е вметната дефиницијата: 

ЦИТАТ:"Лојалните граѓани се подготвени да ги следат правилата и процесите во општеството и по цена да мора да се откажат од своите слободи." 

Дефиниција која ги учи нашите деца да бидат некреативни послушници. Во минатото тоа се случило во Русија, во Бугарија, во Албанија... и скоро во сите земји каде што нема Демократија. Во последните 50 години 70% од иновациите во светот доаѓаат од САД, зарем тоа не е жалосно за Русите, за земјата на: Достоевски, Толстој, Менделеев, Ломоносов, Бехтерев, Крилов и многу други, каде исчезна нивниот ген само Сталин знае. За жал храбрите, креативни Македонци се исто така во фаза на исчезнување, треба под итно да се превземе нешто за да не станеме нација на дебили и безкичмењаци. 

Monday, 10 November 2014

Демо-Христијански Комунизам

1. Ова не е диктатура или класичен Комунизам, ова е некоја нова форма на тоталитаризам што допрва ќе се испитува, студира и за 50-ина години изучува, многу е сличен на Фашизмот и во моментов не се случува само во Македонија туку и во: Унгарија, Русија и Турција. Има многу елементи од Комунизмот како веќе познатите Комунистички тактики:
а) Западот е трул а Кина и Русија царови,
б) Државни непријатели еден куп и внатрешни и надворешни(Албанци, Грци, Бугари, Срби)
в) Поделба на народот(соросоиди, предавници, хомосексуалци),
г) Партизација на цела администрација, од чистач до судија во Врховен суд.
д) Комплетно уништување на Демократијата
ѓ) Политички затвореници
но има и некој други елементи што ги немало во Комунизмот, на пр:
а) Многу голем национализам,
б) Хомофобија,
в) Болна Религиозност
Сите овие точки се својствени за Фашизам, но сепак не може да се окарактеризира како Фашизам поради тоа што нема концентрациони логори(барем до моментов кога го пишувам ова). Во оваа нова политичка идеологија интересно е што интелегенцијата(Универзитетски Професори, Доктори, Уметници...) е на некој начин поткупена и ја подржува власта, што не е својствено за диктаторски општества, вообичаено интелегенцијата е скоро секогаш против власта и делува како коректор на владините политики особено ако има слаба опозиција.Дали е Директор на Театар, дали добиле на тендер да прават споменик, владата си има методи како да задржат голем дел од интелегенцијата на нивна страна. Оваа нова политичка идеологија јас ја нареков: Демо-Христијански Комунизам.



2. Миленко и Латас се скарале и веќе нема да ги читаме глупостите на Миленко во Вечер туку ќе ги читаме во некој од 1984-те провладини портали. "Сигурно се скарале за пари" - констатираше еден мој другар. Не, не верувам, се скарале за државните интереси на Македонија, за евроинтеграциите, како и за демократскиот капацитет на владата - му велам.

3. Провладините симпатизери и новинари се многу загрижени дека Македонија мора да ја почитува одлуката на ЕУ и дека треба да се откажеме од Рускиот гас.Пази, ние да се откажеме од Рускиот гас, ние, нас не прашуваат па ние доброволно се откажуваме. Јас барав на официјалниот сајт на Газпром повеќе информации за "јужен тек" за жал Македонија никаде не се спомнува во контекст на "јужен тек" и никогаш не сме ни биле план од истиот. Луѓе вие разбирате дека такво нешто никогаш немало и највероватно нема ни да има. Кој ја измисли оваа работа со Македонија и јужен тек? Никогаш ние не сме биле од било каков план за јужен тек, ама никогаш! Што е следно ќе викаме дека ЕУ не исклучила од Американската вселенска програма?

4. Се средивме во државата и здравството, единствено нешто што немавме е фејсбук страница, е сега и тоа имаме ама на неа може да пишуваат само тие што имале продуктивен секс. Под продуктивен секс се подразбира доколку жената остане трудна, сите останати што редовно си добиваме секс од владата не е пожелно да пишуваме


Friday, 28 February 2014

Филип е Трпе!

1. (У спомен на баба ми Марика и татко ми Вили, првата точка е напишана со нивниот Скопски дијалект). Работам у канцеларија со двајца Грци и од време на време ке се замуабетиме за името, за Македонија, за Грција. Ја, се инатам ко мало дете: Антички сме мие и готоо, кој сака нека дое, Чак Норис, Сталоне...мие сме Антички Македонци! Не веруем у целата таа глупост, ама се инатам, ајде атер за Македонија. У тие дебати, некоаш  они ке тепаат, некогаш ја, не е ни  важно, секој ден различно. Викендов, глеам на ју тјуб Миленко шоу и Миленко вика: "У Грција немаат име Филип, зашо Филип утепал многу Грци и на гробиштата каде шо ги закопале(спомна некое место) напраил споменик на лав као седи врз гробиштата." Едвај чекав да дое понеделник, да се зајадам со колегиве ни криви ни дужни. У понеделник, идам на работа, избричен, палтолани, машносан, готов, ке се карам. Поминува 10:00 , 11, 12, никако да се спомне нешо за политика. Чекам, чееееекам, не се дочекуе. -И на крај ко од пушка: Дечки, Венизелос е у Скопје. (Штама од 2 секунди - стануем). Вие имате име Филип, пошо Филип на Александар татко му....утепал....Грци......лав......гробишта...(зборам со 200 на саат). -Колегава: Што збориш бе ти!? Ја лично знам двајца Филип. Името Филип е старо име, ко: Аристотел, Архимед, Платон, Питагора и ретко кој ги крсти децата така, ама, туку ке налеташ на некој Филип. Нишо не кажав, си закутев ко посран и си викам у себе: Значи Филп е уствари Ставре, Трпе или Крсто. Тибам тоа Миленкото, да тибам.


2. Јас ова не можам да го разберам кај Македонските новинари. Искача Груевски во Декември 2008 и вика: Кинеска фирма "Чин-Ченг" во Март 2009 ке вработи 237 луге, а веке во Мај се предвидени нови 2300 работни места. Доаѓа Јануари 2009, Груевски пак ке искочи на ТВ и ке каже, Џонсон Контрол веке вработи 7 луге, но во Јули 2009 се предвидени нови 1870 работни места, претежно во Пелагонија. Време си тече, доага, Маy, Јуни, Јули, 2009, 2010, 2013 .... никој од новинарите не се сети да провери - Кинезите вработија ли 2300 души, Џонсон вработи ли 1870, Субрата инвестираше ли 200 милиона евра, никој не проверува тоа. Јас се кладам дека во следниве 3 месеци Груевски ке искочи намалце два пати на ТВ со 2 нови фирми што ке инвестираат во Македонија и дека за тие нови фирми се предвидени отварања на 1984 работни места, е сега не знам дали ке бидат во Полошкиот, Осоговскиот или Скопскиот регион, ама работни места сигурно ке се отвараат. 

3. Тројца хоштаплери од највисок ранк во Македонија, се собрале, му се јавиле на Зиков и направиле партија. 
         -Хоштаплер 1: Минчо, што ги доби сите можни тендери во Македонија, што се фали дека го изградил Градски Стадион со наши пари, што не отру со Железара и што Зиков тврди за него дека не е Олигарх. 
         -Хоштаплер 2. Бучко, го држат за муда за тенковските делови што ги купи по авионски цени, човекот што беше премиер ке се врака на политичка сцена, изгледа овој пат ке купува сапуни што не се лизгаат, за кога ке оди во затвор поубаво да си помине. 
         -Хоштаплер 3. Стевче - Овој па, овој па,овој па. Како младинец и член на КПЈ преминува во Демократска Партија, покасно Либерал Демократска Партија ги преставуваше СДСМ во Карпош, за да премине во редовите на Српска Радикална Странка и сега да биде трет човек во ГРОМ - епа уште во ДУИ не бил. 

4. Кога ке ги видам на ТВ: Миленко, Латас, Геровски, Милчин, Јанко Глупиот....ми се гади. 8 години се препукуваат, кодошат, оговараат: Провладиниве новинари вака, Соросоидите така. Една сторија не напишаа интересна да ја прочиташ, за Украина, за Арапската пролет, за Свазиленд нека биде - било што. Они се опседнати едни со други и по цели денови мислат како да си наштетат мегу себе. Е, тие говеда го разделија народот, не Грујо и Бранко, него говедата! Го гледам Ефтов "Во Центар" ке отиде во друга држава, ке направи репортажа, ке каже 1 милион историски, политички, географски факти за таа држава, ке направи 2-3 супер интервјуа со добри соговорници и емисијата е завршена - е тоа е новинар, не ова ајваниве - гадови. 

Thursday, 12 December 2013

Закон за забрана на производтсво и расфрлање џамлии во употреба

1. Од сите можни полу-држави ние сме царови за гласање кретенски закони. 120-те души што ги плакаме во Парламент и тројцата гревови од странство, после законот за "не-абортус" и законот за "малолетник не смее да шета куче", кретените изгласаа нов закон: "Џамлии се забранети во Р. Македонија". Јас вака гледам на овие закони. Законот за "не-абортус" мораше да се изгласа, пошто владиката "не-Пимен" така им кажа. Законот за "Малолетниците и кучињата" е малце контраверзен, значи малолетник не смее да шета куче, но никаде не стои во законикот дека малолетник не смее да шета лав, тигар, мечка или жирафа, тука мислам дека треба да има уште една дебата каде што ние ке им плакаме дневници, а пратениците треба да го прошират со анекси тој закон. Џамлиите за прв пат се направени во Германија во 1846 година од Германски стаклар, во тоа време не можел ни да претпостави какво оружје за масовно истребување направил. Во Англија има Светско Првенство во џамлии и се одржува секоја година од 1932 па навака. Нашите пратеници го сметаат нешто како стрелаштво, значи само обучени спортисити смеат да ракуваат со оружје или џамлии, поради нивната опасност. Играњето џамлии исто така е прогласено за злосторничко здружување. УЧК веке набавиле 300 џамлии во случај на нов воен конфликт. Едноставно законот им забранува на децата да си играат со џамлии, пошто тепање по автобуси било поинтересно, а и модерно е. Јас дури и познавам еден човек од подземјето кој го изјави следново: "Со дроги, оружје и проституција, нема пари, ние како криминалци треба да еволуираме со трендот, нарачав околу 10000 џамлии што треба да стигнат во Фебруари и на црниот маркет некако да ги продадам. Само опасно е, ако те фатат за кокаин или хероин ке се спасиш, ама адвокативе викаат со џамлии те фатија ли - окапа во затвор." Не ретко низ историјата се случувало и да има сериски убица што кога ке ги фати своите жртви ги измачува со неговата омилена џамлија - коњакот. Наслушнав дека парламентот ке гласал нов закон  'Закон за забрана на пишување" - пошто пола се неписмени мајку им е... Сега тука има некој дилеми : Дали законот ке важи после потпишувањето од Хорхе или после гласањето и дали законот за непишување ке биде потпишан од Хорхе во пакет со законот за џамлиите?


2. Вангел Божиновски кај Миленко изјави: Зашто да не дигнеме споменик од 30 метра, зашто ние како Македонци мора да правиме мали споменици! Не бе Вангел, дигни ти споменик ако сакаш и од 107 м, ама ти да го платиш - важи! Не граганите на Македонија, него ти да извадиш 600 милиона Евра, па прави си споменик ако сакаш колку Македонска Телевизија!

3. Највероватно сум посетил 30-ина града низ Европа - Рингишпил на плоштад сеуште не сум видел, друго што не сум видел е циркус. Во Скопје ги имаш двете и Рингишпил и циркузи на плоштад уште кловн со лопата фали. Кај најде неделава да умре Мандела, овие недугавниве споменик ке му направат. Муабетот е дека споменикот ке бил лево од рингишпилот на Балашевич. Иначе во цела држава само јас и татко ми немаме споменик, од толку ли лоша фамилија сум?

4. Иванов и Грујо ја посетија Србија и после им се љутиме на Србите дека не викаат "Срби со говорната маната."

5. Миленко ме блокираше кај него на фејсбук, наводно не сум ширел омраза и расна нетрпеливост, еве јавно, јас уште еднаш се извинувам што сакам мир и соживот со Албанците во Македонија, што не ги нарекувам "племето" и што на хомосексуалците не им се обракам како "педери" или "двоцевки". Исто така се извинувам што ниту еднаш не сум напишал: 'За Шиптари - гасна комора' и 'Името не го даваме, Македонија Вечна'.

6. Го слушав Сашо Гигов - Гиш на Телевизија за споменикот на Тодор Алексанров, го изјави следново: Со дегутантна метафорична анализа на Фројдовскиот комплекс  од еснафскиот креативнен нагон за Хомеровата Илијада, сето тоа и Достоевски експлицитно го потврдил .............(7 минути неврзани зборови од Вујаклија), а поентата му беше- Аз сам Булгарин.

Saturday, 16 November 2013

Нова категорија на луге во Македонија - Кинезофили

1. Го гледам нашиот грев Хорхе, кај Миленко Шоу за турнеата во Кина и кажа: "Нема да најдете успешен бизнисмен на запад што нивните деца не учат во Кина!" (убаво си ја кажа реченицава ниедно 'р' нема). Верувајте ми јас познавам многу на запад, не сум слушнал дека на било кого детето учи во Кина. Ама за еден барем да слушнам, НЕ, за ниеден! Друга работа што ми остави впечаток е дека Хорхе беше многу пријатно изненаден oд Кинезите, се однесувале со нас како со вистинска држава, а со него како претседател на држава. Сирот Хорхе, никој не го ебава во Македонија, па си најде утеха со Кинезите. Еден апел до целата Македонска јавност: Ве молам забранете му да збори, нека ќути и нека се смешка само - уста кога ке отвори мене срам ме фака!

2.Што не разбираат гревовите од владата за Кина се следниве факти:
    а) Американците свесно го направија долгот со Кинезите.
-Кинезите се плашат кога доларот пага
-Американците ако сакаат ке им го вратат долгот утре, ке  испринтитаат 10 трилиони и тој 1 трилион што им го должат (во долари) ке има вредност на 500 милијарди.(така Американците ги плеснаа Арапите на 3-4 наврати во послените 20 години - со доларот)
    б) Кина(или 1.3 милијарди луге) имаат 8.2 трилиони ГДП, а УСА (или 300 милиони) имаат 15.6 трилиони ГДП! Комбинирано УК со 2.4 трилиони , Германија со 3.4 трилиони и  Франција со 2.6 трилиони ГДП (или 202 милиони луге) прават исто пари колку Кина со 1.3 милијарди луге. Каде е трикот: Кога ке ги поделиш 8 трилиони на Кинезите или пак на само 200 милиони добиваш многу поразличен квалитет на живот, изненадувачки за Хорхе и владата, ама 200-те милиони живеат поубаво!
    в) Политичкиот  еднопартиски систем на Кина - што е докажано лош во историјата(СССР, Чехословачка, Куба, Виетнам, Северна Кореа) - се мој до моега.
    г) Ова нема врска со фактите за Кина, ама да го кажам:  Што кој пенис бараше Миленко Кинезофилот во Кина на трошок на државните обврзници?

Со други зборови квалитетот на животот на Кинескиот народ им е од прилика како на нас - никаков.

3. Во парламентот го обвинија Тодоров дека е криминалец. Сега тој, за да докаже дека не е, искочи на говорница, маваше по микрофоните и се однесуваше агресивно. Од кога на сите им се закани, Тодоров нервозно ја напушти говорницата без да убие или повреди некого баш како не-криминалец. Уште еднаш докажа што е!

4.  Нашиот премиер како огромен државник со политичка мудрост на Словенскиот Премиер му го порача следново:
а) Душата не можат да ни ја земат.
б) Утре сонцето пак ке изгрее .
Види го ти Грујо како Конфучие станал, следната изјава за Мијалков ке му биде: Брат брата не рани, ама тешко си кој го нема.
Во потполно неврзана прикаска со оваа точка, Кога некој лошо ке игра фудбал на стадионите во Англија, навивачите му ја пеат следнава песна :




5. Во Автобусите на ЈСП повторно има фронт. Ништо не тоа, дечиња, ученичиња, нешто се скарале, па почнале да го решаваат проблемот со безбол палки, ножеви, боксирачи, пиштоли, топ и тенк! Мојот бивш комшија Котевски изјави дека многу од инцидентите не се на национална основа! Е на кава се бе Иво? На полова ? Да не заборавиме дека пред 20 години во Босна на свадба дечиња се степаа, нешто су се посваџали, знаш како је, деца ! 

Monday, 4 November 2013

Имам едно прашање, нешто не ми е јасно.

1. Цела држава 5 години криеме од недоветниот Хорхе дека не е претседател, Ахмети најпаметен се најде да му го каже тоа. Остави го човекот на раат, нели гледаш дека не е баш токму. Хорхе пред да стане претседател, ВМРО му пратила писмо: Ние сакаме да те предложиме за претседател на Р. Македонија, тоа е огромна функција во државата - ке бидеш врховен командант на цела една нација и ке имаш право да објавуваш војни, а ако имавме нуклеарка клучот за активирање ке беше кај тебе! Се што треба да правиш е да ги исполниш следниве точки:
а). Кога ке ти даде Грујо "нешто" да потпишеш - потпиши и не прашувај ништо!(Тоа "нешто" е закон и не се секирај многу).
б). На Нова Година Грујо ке ти даде список со осуденици што треба да ги помилуваш - помилувај ги!(не да ги галиш или милуваш, туку ослободи ги од затвор)
в). Еднаш годишно ке те пратат на доручек - доручкувај!(ако ти намигнат не пагај во несвес од срека)
г). Од време на време ке ти дојде некој во државата - пречекај го!(машносај се, поздрави се и насмевни се).
д). Еднаш годишно ке те пратат да гостуваш кај Миленко - гостувај!(и таму не збори многу и така пола азбука не знаеш)
г) Ке ти дадеме список со Телевизии, на кого смееш да му даваш изјава, сепак ти не си преседател на цела држава, ти си само претседател на 450 000 луге.
е) Треба да запамтиш една работа: "Ерга Омнес" (не е важно што значи, ама кажувај ја од време на време)
Доколку нешто не ти е јасно, кога ке се видиш со Грујо, прашај го. Толку се очекува од тебе, ништо повеке, за возврат ке добиеш: Замок на Водно, чувари од ВМРО 24/7, плата 5000 евра, претседателска пензија 5000 евра и на секој 3 месеца ке му кажуваме на народот дека си најуспешниот неабортиран претседател во историјата на Р. Македонија.

2. На Демократска седница на парламентот - заседание: "Пратенички Прашања", Шекеринска го праша братучедот: Како направил 1.6 милиони евра за 5 години. Демократот и одговори: Љубе праша истото пред 3 години. Одговорот беше толку многу детален и опширен што веке никој не го спомна прашањето.  Овој месец треба да славиме месец на ненасилството, 15 дена 12 саата и 43 минути, Камчев и Мијалков не шамарале никого во Скопје, си го срушија рекордот , претходниот беше 12 дена и 13 саата - кога беа на одмор во Чешка.

3. Грујо се прави шизик, демек бил премиер! И мене да ми е Мијалков братучед и јас ке бидам премиер.  

4. Кој тоа вика дека немаме добри новинари? Сте ја прочитале ли новата колумна на  Саше Политико  колку многу истражување направил пред да ја напише, сакам да ви покажам еден извадок од неа: АЛООО, цреп, талибанци, брееееее, жестоко, влада, Фрчко, маргинализација, јоооооооо ,АЛООО, вие, бутнам, талибанци, Ванковска,  ауауауауау, опозиција, расправам, Ивор, фронт, цццццццц, скопско педерче, АЛООО, бладај, црни, албино, папапапа, цироза, Трендо, АЛООО, фашисти, јеботе, умри. Колумната му е  толку многу длабока, што уште не можам да ја разберам, плус тоа го употребил целиот негов вокабулар.

5. Неколку "луге" се во игра од ВМРО за претседателски кандидат каде што братучедот треба да одлучи со кого ВМРО ке настапи. Можни кандидати се:
а) Иванов втор мандат - он уште не знае, не знае ни дека имал прв мандат.
б) Керим - научникот, порано кога се купуваше пиво со Кауција, на Керим не му даваа по продавници, наводно не ги вракал шишињата, тој тврди дека му ги зимале на граница.
в) Кекеновски - си се само прогласи како кандидат со најголема доверба, значи за ваков карактер се работи: Искача сам на ТВ и вика - мене сите од ВМРО ме сакаат и ке гласаат за мене, јас сум експерт  за Македонска и Светска Политика , пишувам колумни и сум долго годишен член на ВМРО, браво за мене, најбољи сум!
г) Гошев - овој може да настапи за било која партија, до сега основаше 3, а член е на 7 ако ја рачунаме и Земјоделска партија, уште рацете да му беа чисти и супер ке беше.
Ваква конкуренција никогаш немало во ВМРО, шампион до шампион. Како што ги дал господ недоквакани несреќиве да ги пратат на параолимписки игри со три златни и еден сребрен ке се вратат.

6. Многу е лошо во државава, нема инвестиции, нема пари, нема работа, едвај чекам Субрата да искочи од затвор да инвестира.